УХМР објави: Какво време нѐ очекува до крајот на неделата

До крајот на денот променливо облачно и релативно топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне и во вечерните часови претежно во северните делови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, информираат од УХМР.

Максималната температура ќе биде во интервал од 24 до 30 степени.

Во Скопје, променливо облачно со слаб југоисточен ветер. Попладне и во вечерните часови во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Температурата до 28 степени.

-До сабота ќе преовладува сончево и топло време. Во недела ќе има значителна промена на времето со повремени врнежи од дожд и локална појава на грмежи. Ќе дува засилен северен ветер, кој ќе продолжи да дува и во понеделник и ќе предизвика значителен пад на температурата, соопштуваат од УХМР. 

25.09.2024 - 12:22

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега