Прегазена жена во Куманово


Вчера во 09.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосницата од ул.„Гоце Делчев“ и бул.„Трета македонска ударна бригада“ во Куманово, патничко возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Р.М.(69) од село Ваксинце, општина Липково, удрило во С.Д.(62) од Куманово.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Д., констатирани во Ургентен центар Куманово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

25.09.2024 - 13:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега