„Пука“ акцијата на Фершпед
Само минатата недела истргувани беа акции во вредност од близу милион евра. Најголемата трансакција се случи на 19 12 кога во блок трансакција беа продадени акции со вредност од речиси половина милион евра.
Цената на акцијата на Фершпед достигна до 2.974 евра. Пред еден месец вредеше помалку од 1000 евра. Превирањата во компанијата ја дигаат цената на компанијата.
Неофицијално, цената на акциите на Фершпед се движи од 5.500 до 7.000 евра во зависност од тоа колкав број акции се нудат во пакетот. Ова покажува дека компанијата има вредност од над 100 милиони евра.
Превирањата во Фершпед започнаа на почетокот на овој месец кога долгогодишната соработничка на Штерјо Наков и потпретседател на Надзорниот одбор, Кираца Трајковска испрати соопштение до јавноста и објави војна против „нестручното и незаконско работење на одредени членови на УО и на НО“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа