Тешко повреден малолетник - тетовчанец го избодел со нож
Доцна синоќа во 23.40 часот на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Љ.Ј.(28) од Тетово.
Околу 22.00 часот, тој бил пријавен од малолетник од Тетово дека го нападнал со остар предмет и му нанел тешка телесна повреда.
Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.
27.09.2024 - 16:05
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа