Толку беше - нема веќе комар на интернет: Рикна 2win.mk
Со Одлука на Владата, престанува правото за приредување на интернет игри на среќа на Државна Видеолотарија.
-Согласно оваа Одлука, платформата 2win.mk мора да престане со прием на влогови во интернет игрите на среќа. Започнатите интернет игри на среќа ќе бидат обработени по нивното комплетирање, а евентуалните добивки ќе бидат исплатени. Средствата од сметките за интернет игри на среќа ќе бидат исплатени во целост на регистрираните банкарски сметки на платформата, во законскиот рок. По исплатата на средствата, платформата за интернет игри на среќа ќе остане достапна само со можност за увид во профилите и завршените игри и плаќања. Доколку имате невалидна банкарска сметка за исплата, ќе имате можност да доставите нова валидна банкарска сметка за комплетирање на исплатата, информираат од Државна видеолотарија и додаваат: .
-Како прв легален приредувач на интернет игри на среќа, кој го започнал работењето согласно закон и во законскиот рок, платформата 2win.mk во изминатите 10 години целосно и без исклучок, ја почитуваше законската регулатива и уредбите на регулаторните тела. 2win.mk ви се заблагодарува на укажаната доверба за изминативе 10 години. Веднаш по создавање на услови, платформата за интернет игри на среќа, 2win.mk ќе се врати во функција, се вели во соопштението.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа