(ВИДЕО) Левица: Каменоломот на Нефи Усеини предизвикува еколошка катастрофа во охридско


Деновиве жителите од село Климештани (Охридско) алармираат за сериозните проблеми кои ги причинува каменоломот во ова село, кој е во владение на познатиот локален шериф од ДУИ, Нефи УСЕИНИ, соопшти Левица.

„Неконтролираната прашина што ја создава каменоломот не само што го загадува воздухот и го загрозува здравјето на луѓето, туку и директно влијае на квалитетот на земјоделските расади, од коишто зависи голем дел од животната егзистенција на мештаните.

Дополнително, уништувањето на селскиот пат од тешките камиони е уште еден проблем за локалното население. Иако компанијата има преземено обврска да го одржува патот, очигледно дека договорот не се почитува.

Револтот на жителите од с. Климештани расте и истите не ја исклучуваат можноста за ПРОТЕСТИ и блокади. Левица алармира надлежните институции веднаш да излезат на терен и да констатираат дали компанијата на Нефи Усеини врши експлоатација во согласност со законските параметри.

Правото на здрава животна средина е неприкосновено и не смее да биде нарушено поради бизнис интересите на локални моќници!“, велат од партијата.

03.10.2024 - 14:18

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега