Тошковски: Јас мирно си спијам, и граѓаните мирно да спијат

„Јас мирно спијам, така да можат и граѓаните мирно да спијат“- На овој начин одговори министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во Дејли Клик на ТВ21 запрашан дали граѓаните можат мирно да спијат по сите најави за можна дестабилизација на државата.

Вели дека во моментов безбедносната состојба е стабилна, иако имало индиции за нарушување на истата.

Водител: Како велите во правна терминологија, индиции…Има ли индиции за нарушување на безбедносната состојба на државата?

Тошковски: Многу пати сум го говорел ова во последните месец дена и сето тоа што сум го кажувал се покажа како реален факт, од аспект на тоа дека постојат обиди за подгревање на меѓуетнички тензии, и тоа сите сме сведоци дека е така,  но исто така сите сме сведоци дека МВР и сите останати институции кои што имаат надлежност во безбедносниот сектор, реагираат и ќе реагираат во иднина.

04.10.2024 - 17:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега