Од Скопје со авион директно до Келн

Скопје директно ќе се поврзе со Келн. Од април следната година нискотарифниот авиопревозник „Визер“ двапати во неделата, понеделник и петок, ќе сообраќа од аеродромот „Александар Велики“. Првиот лет е најавен за 4 април. 

Со оваа, четврта, дестинација до Германија, покрај Минхен, Дортмунд и Франкфурт, дополнително ќе се зајакнат врските помеѓу двете земји. Мрежата на дестинации на „Визер“ од Скопје се состои од 14 дестинации во осум земји.

Авиобилетите за Скопје-Келн се достапни со почетна цена од 29 евра. Раководството на авиокомпанијата вели дека оваа дестинација е нивниот празничен подарок за патниците од Македонија

24.12.2013 - 11:48

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега