Србин уапсен во Македонија - нелегално превезувал 11 мигранти

 

Полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија вчера во 20 часот на локален пат во село Богородица, Гевгелиско, го лишиле од слобода Ј.М.(32) од Република Србија.

Во возило „сааб“ со цол таблички, кое го управувал, биле пронајдени 11 мигранти од Сирија. Лицето било задржано во Полициската станица Гевгелија, а мигрантите се спроведени во Прифатно-транзитен центар „Винојуг“ Гевгелија. По целосно документирање на случајот, против Ј.М. ќе биде поднесена соодветна пријава.

07.10.2024 - 17:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега