Мицкоски: Средствата за покачување на пензиите се обезбедени

 

Премиерот Христијан Мицкоски вечерва во гостување на МРТВ во Отворено студио „100 дена Влада“, рече дека „средствата за покачување на пензиите се обезбедени“.

„Средствата се обезбедени и за оваа со ребалансот, и следната година со Буџетот кој е во фаза на подготовка. Очекувам на владина седница на 16 октомври да биде Буџетот во прва верзија на дневен ред, и очекувам дека после тоа во рамките на Парламентот, преку една дебата ќе се затвори таа рамка, а потоа истиот ќе се врати за конечно да добие конечна форма и да оди на јавна седница и да се усвојува.“, рече Мицкоски.

 

„Како ќе биде понатамошното нивелирање на пензиите од септември следната година, па 2026, 2027 година се зависи од тоа какви ќе бидат приходите и како ќе функционира македонската економија. Затоа и многу внимателно кажуваме и многу внимателно ветуваме. Не сакаме да кажеме нешто  кое што понатаму нема да го исполните. Тоа што бевме уверени дека ќе го исполниме и ќе го испорачаме, тоа и го направивме.“, вели тој.

07.10.2024 - 21:22

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега