Приведен Косовар - осомничен дека го подметнал пожарот во подрумските простории на општина Тетово
Вчера во 20.15 часот на улица „Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Б.Р.(38) од Република Косово, со привремен престој во Скопје.
Тој се сомничи дека претходниот ден го подметнал пожарот во подрумските простории на општина Тетово.
Лицето било задржано во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок по член 288 од Кривичниот законик.
08.10.2024 - 12:19
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа