Дали се отруле: Мајка и ќерка пронајдени мртви во тетовско
Нема многу детали за смртта на мајка и дете во тетовско Слатино.
Според МВР, бабата, мајка на починатата, ги пронашла безживотните тела на својата ќерка, и внука кои биле на посебни кревети. Неофицијално на нив не биле најдени траги на насилство.
Таткото бил потешко повреден и пренесен во тетовската болница, а потоа пренесен во полиција на информативен разговор, додека неговиот деветгодишен син поради сериозноста на повредите е пренесен во скопската клиника.
Неофицијално во Тетово се шпекулира дека причина за смртта е труење со храна, поточно со печурки.
МВР се очекува денеска да даде повеќе детали за овој инцидент.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа