Ураганот Кирк удри во Европа: Прва жртва во Франција

 

Најмалку едно лице загина кога ураганот Кирк го погоди јужниот дел на Франција, а повеќе од 65.000 домаќинства останаа без струја, јави утринава француската телевизија BFM.

 

Три чамци беа превртени од ветрот во близина на пристаништето Сете, на југот на Франција, при што има еден мртов и еден во критична состојба. Трите најзагрозени општини се Атлантските Пиринеи, каде 16.000 домаќинства се без струја, Ду, каде 9.500 домаќинства остануваат без струја и Јура, каде има 4.900 домаќнства.

 

Железничкиот сообраќај утрово е во прекин на неколку линии во пет региони поради поплави и соборени дрвја од ураганот Кирк. Францускиот весник „Фигаро“ објави дека синоќа имало голема штета во просториите и на Националното собрание.

10.10.2024 - 10:21

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега