Дилер на дрога заврши зад решетки
Вчера во 01.10 часот на улица „Живко Брајковски“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода А.И.(29) од Гостивар поради сомнение за инволвираност во трговија со дрога и затоа што бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна од една година и шест месеци за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
Тој бил предаден во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на затворската казна.
10.10.2024 - 10:47
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа