Маж заврши во болница, откако имал несреќа со трактор

 

На 10.10.2024 во 18:30 часот во СВР Струмица било пријавено дека на магистралниот пат Радовиш – Струмица,  во с.Владевци, струмичко,  се случила сообраќајна несреќа помеѓу трактор „ИМТ 53“ без регистраски ознаки, управуван од В.С.(61) од село Едрениково, општина Василево и патничко возило „волво‘‘ со радовишки регистарски ознаки, управувано од Н.Р.(65) од село Покрајчево, радовишко.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на тракторот, констатирани во Медицинскиот центар Струмица.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Струмица.

11.10.2024 - 12:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега