Конференција за воведување минимален приход за сиромашните

Македонската платформа против сиромаштијата МППС денеска ја одржа Третата конференција за лицата кои живеат на работ на егзистенцијата и социјалната исклученост, наслвоена „Достоинствен живот за сите граѓани 2013“.

Сашо Јованов од МППС посочи дека Македонија како социјална држава не ги испoлнува социјалните мерки кон граѓаните.

- Според нашата анализа, од индикаторите за минимален достоинствен приход, првиот генерартор за сиромаштија е големата невработеност, вториот е ниската загарантирана минимална плата и третиот е ниската сума на социјална помош и ригорозните услови за примање на таа помош, истакна Јованов.

Според Мила Царовска од ХЕРА од оваа конференција понатаму треба да произлезат и некои законски регулативи или основа за решавање на проблемите на граѓаните.

- Нашата политика не дава резултати во намалувањето на реалната сиромаштија. Тоа се случува поради тоа што не ги третираме сиромашните  одделно од оние што се со низок кванититет или низок степен на работа или невработени и оние кои се материјално депримирани, рече Царовска.

Во Македонија, посочи Царовска има и вулнерабилни групи кои што државата не ги третира, како на пример ЛГБТ заедницата, сексуалните работнички, корисниците на дрога...

- Ние како МППС и како некој што се надеваат на поуспешна социјална политика во државата, велиме дајте да воведеме минимален достоинствен приход. Тоа е социјален трансфер и сигурносна мрежа што државата ќе ја нуди на секој што влегол во социјален ризик во текот на својот цел живот, истакна Царовска.

Појасни  дека минималниот достоинствен приход, треба да им помогне на граѓаните што со одредени средства ќе го одржи достоинството на невработените додека најдат работа, за оние кои што се приматели на социјална помош да не живеат со 20 денари дневно и социјална пензија за постарите.

На конференцијата граѓаните се пожалија на проблемите со кои се среќаваат во здравството, образованието за укинатата социјална помош,...

На конференцијата присуствуваа владини и невладини претставници и лица кои живеат во сиромаштија и социјална исклученост.

На учесниците на собирот беше ревидирана и втората Декларација на сиромашни и социјално исклучени лица донесена во 2012 година, која беше испратена до Влада на Република Македонија. Настанот е поддржан од Националниот демократски институт (НДИ), во рамки на проектот „Зајакнување на граѓанското учество во законодавниот процес“  и дел од активностите од законодавната иницијатива „Минимален достоинствен приход“. 

24.12.2013 - 13:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега