Повеќе скопски општини утре ќе останат без струја

 

Поради планирани технички интервенции во електродистрибутивната мрежа на ЕВН, на ден 15.10.2024 година без електрична енергија ќе останат корисници од неколку делови од Скопје.

Во период од 08:30 до 11:00 часот без струја ќе бидат дел од ул. „Методија Митевски“ објектите околу ОУ „Исмаил Ќемали“ ( Рајко Жинзифов), ОУ „Исмаил Ќамали“, ул. „Никола Грчето“ и ул. „Петар Ичко“ во општина Чаир.

Од 11:30 до 14:30 чaсот без струја ќе бидат корисниците на ул. „Никола Малешевски“, ул 7 Црвена Вода и ул. „Сремски Фронт“ во општина Центар.

Без струја од 09:30 до 11:00 часот дел од ул. „Франце Прешерн“ (на почеток на улицата) во општина Ѓорче Петров.

Од 09:00 часот до 14:00 чaсот корисниците на Горно Соње, дел од с. Соње и нас. Коштан во Сопиште нема да имаат струја.

14.10.2024 - 18:44

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега