Инспиративна средба: Томовски му овозможи на Христијан да ја доживее работата на владата одблизу

 


Директорот на службата за општи и заеднички работи на Владата (СОЗР), Ивица Томовски денеска во својот кабинет го прими Христијан Митевски, младо момче од Штип, личност со попреченост.

Денеска со задоволство му бев домаќин на Христијан Митевски, младо момче од Штип, личност со попреченост, полн со ентузијазам, идеи и позитивна енергија која ја шири во насока на надминување на предизвиците со кои секојдневно се соочува, напиша на својот фејсбук профил Томовски.

Му ја исполнив желбата одблиску да се запознае со работата на нашата институција, надлежностите и фокусот на делување, а и за момент да се почувствува како политичар и да ѝ се обрати на јавноста од владиниот прес центар со порака за премостување на разликите и еднакво општество за сите, посочи Томовски.

Томовски му посака добро здравје и изрази поддршка во неговата мисија за прифаќање на различностите и инклузивност на лицата со попреченост.

19.10.2024 - 12:30

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега