Албанската полиција откри нови информации за апсењето на Мета
По острите реакции на опозициските парии и дел од јавноста дека е прекршено секакво право при апсењето на поранешниот претседател и актуелен лидер на Партијата на слободата, Илир Мета, доцна попладнево полицијата излезе со соопштение во однос на начинот на апсењето.
-Со обврска кон јавното мислење во однос на начинот на апсењето на граѓанинот И.М., појаснуваме дека државната полиција го изврши решението на Специјалниот суд против организиран криминал и корупција (ЃККО). Тоа по барање на Специјалното обвинителство за приведување на И.М. (55), со преземање оперативни мерки, согласно предвидените законски процедури, стои во соопштението.
Околу 13:15 часот, Државната полиција добила информација, а потоа утврдила дека на местото викано „Кривината кај Камза“, во населбата Лапрака, со возило во правец кон Тирана се движел И.М. Во овој момент возилото било сопрено, а водачот на оперативната група му ја соопштил на И.М судската одлука за безбедносна мерка „затворски притвор“ и од него било побарано да излезе од возилото.
-Граѓанинот И.М. одбиваше да го стори тоа и упати навредливи зборови кон претставниците на полицијата и правдата. Врз основа на процедурата предвидена со Уредбата, тој бил изваден од возилото и присилно приведен. Нагласуваме дека употребата на сила при апсењето била наметната со неговото насилно противење на спроведувањето на судската одлука, што му била соопштена од вработени во полицијата, се наведува во полициското соопштение.
Според дел од медиумите, од маскирани припадници на специјалната полициска единица и агенти од Националното биро за истраги, возилото во кое бил Мета, било следено од граничниот премин Морина, на албанско – косовската граница, веднаш по влезот на албанска територија од Косово, каде што од вчера престојувал тој. Возилата биле со граѓански регистарски таблички и се движеле долж целата должина едното пред а другото зад возилото на Мета а го сопреле во близина на трговскиот центар „Каса Италија“ во Тирана при што насилно бил внесен во полициското возило.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа