Перински за напуштањето на Карпош и Струмица од ЗЕЛС: Ваквото однесување ја нарушува позицијата на ЗЕЛС

 

Како министер за локална самоуправа, принципиелно, не сакам да навлегувам во внатрешните односи во ЗЕЛС и во нивното работење. ЗЕЛС е единствената асоцијација на единиците на локалната самоуправа која што има мандат да ги застапува нивните интереси пред Владата. Добро е и во иднина да остане така, изјави за Курир министерот за локална самоуправа Перински по најавите на Општина Карпош и Струмица за излегувањето од ЗЕЛС.

Перински за КУРИР посочува дека секоја најава за нарушување на единството на ЗЕЛС му штети и на ЗЕЛС и на сите општини.

-Ваквото однесување сериозно ја нарушува позицијата на ЗЕЛС, затоа што само единствен ЗЕЛС може да биде сериозен партнер на Владата во разговорите за унапредување на системот на локалната самоуправа и на развојот на општините, зад што оваа Влада застана многу отворено и јасно и преку конкретни решенија тоа веќе го потврдуваме, додава министерот.

24.10.2024 - 12:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега