Осудениците во Штип си останаа без дрогата која ја набавиле

 

Синоќа во 20.04 часот во СВР Штип било пријавено дека во Казнено – поправната установа Затвор Штип била пронајдена прашкаста материја, марихуана и таблети.

Во врска со настанот, полициски службеници од Отсек за недозволена трговија на дрога и оружје при СВР Штип извршиле службен разговор со Г.П.(36) од Куманово и В.Б.(41) од Св.Николе, кои издржувале затворски казни во установата.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти полицијата.

24.10.2024 - 12:50

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега