Германија драстично го зголеми извозот на оружје во Израел
Германската влада ги зголеми дозволите за извоз на германско оружје во Израел во поголема мера од претходно познатото. Само од август годинава, според податоците на Министерството за надворешни работи, одобрен е извоз на оружје во вредност од 94 милиони евра за Израел, кој моментално војува против терористичките организации Хамас во Појасот Газа и Хезболах во Либан.
Ова е двојно повеќе отколку што минатата недела Министерството за економија извести пред Економскиот комитет на Бундестагот.
Имено, Министерството соопшти дека во цела оваа година до 13 октомври бил одобрен извоз на оружје во Израел во вредност од 45,474 милиони евра. Новата бројка доаѓа од одговорот на Министерството за надворешни работи на прашањето на пратеничката Севим Дагделен (BSW), до кој дојде германската новинска агенција dpa.
Контроверзите околу испораката на оружје за Израел траат со месеци. Минатата година федералната влада одобри испорака на оружје и воена опрема за Израел во вредност од 326,5 милиони евра, од кои 20,1 милиони евра се воено оружје.
Најголемиот дел од одобрениот извоз одговара на одобренијата по терористичкиот напад на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година. Но, во првите месеци од оваа година извозните дозволи беа значително намалени.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа