АХВ: Водата за пиење во Струмица е питка

 
Струмица официјално доби решение од АХВ дека водата од водоводот е питка.
„Анализи од Институт за Ветерина, 3 акредитирани приватни лаборатории, Центар за јавно здравје Струмица, ги побија резултатите на Институтот за Јавно Здравје, кои не измачуваа сите нас како струмичани.
Струмичкиот отпор и пркос даде резултат“, информира преку социјалната мрежа Фејсбук градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.
 
„Благодарам на професионалците од АХВ што се одважија и го потпишаа решението за укинување на забраната!
На сите кои се ситевте во овие за нас струмичани тешки и мачни денови, ви простувам од дното на мојата душа.
Останува да се седне повторно до надлежните институции и да се изнајде решение за проблемот на брана Турија!
Народе мој благодарам на истрајноста, трпението и поддршката која ми ја дававте мене и на професионалците од ЈПКД Комуналец, во оваа битка за Струмица“, напиша Костадинов на ФБ.

28.10.2024 - 17:11

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега