Зимата полека доаѓа во Македонија
Во Берово утрово беа измерени -3 степени, со што овој град беше најладен во Македонија.
Нула степени беа измерени во Битола, додека најтопло беше во Крушево, Виница и Гевгелија со шест степени.
МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ:
-3 Берово, 0 Битола, Лазарополе, 1 Струмица, Тетово, 2 Крива Паланка, Маврови Анови, Скопје-Петровец, Демир Капија, 3 Прилеп, Штип, 4 Претор, Попова Шапка, Велес, Кавадарци, 5 Охрид, Скопје-Зајчев Рид, 6 Крушево, Виница, Гевгелија.
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, а ќе дува и слаб до умерен, а долж Повардаието повремено засилен ветер од северен правец. Температурите ќе се движат од 20 до 26 степени.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа