Акција на МВР: Уапсени двајца полицајци

 

Двајца припадници на Министерството за внатрешни работи и еден соработник на криминалната група, беа уапсени во синоќешната полициска акција, потврдуваат извори од МВР за Плусинфо.

Според неофицијални информации, овие лица биле „фатени“ на „Скај“ комуникација, која се смета за клучна во откривањето на криминалната група Грчец, предводена од Шеваљ Муареми, кој сè уште е во бегство.

Како што велат нашите извори, овие лица се приведени поради кривичните дела злосторничко здружување, оддавање на службена тајна, попречување на правдата, како и за против правно стекнување и прикривање имот.

Од Министерството за внатрешни работи за Плусинфо велат дека се подготвува официјалното соопштение ќе биде објавено наскоро при што ќе бидат познати сите детали за оваа акција.

 

04.11.2024 - 12:32

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега