Уапсени дрвокрадци во ресенско - одземени тракторот, дрвата и приколката

 


Вчера во 16.40 часот, во атар на с.Болно, ресенско, полициски службеници од ОВР Ресен ги лишиле од слобода С.Д.(47) од Ресен и Т.Д.(45) од Прилеп поради сомнение за сторено кривично дело „кражба” по член 235 од Кривичниот законик.

При контрола на трактор со приколка, кој го управувал С.Д., а сопатник бил Т.Д., биле пронајдени огревни дрва за кои не поседувале никаква документација.

Тракторот, дрвата и приколката биле одземени, а по целосно документирање на настанот против лицата ќе следува соодветна пријава.  

 

05.11.2024 - 11:37

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега