Меџити: Сите општини добиваат можност за финансиска поддршка
Вицепремиерот Изет Меџити во гостување во дневникот на Сител телевизија изјави дека Владата им излегла во пресрет на сите 80 општини за финансирање на проекти од интерес на граѓаните, без разлика на партиската припадност на градоначалниците.
Во оваа прилика на прашањето за дали постои фаворизирање на своите градоначалници на општини изјави: „Влен има 4 општини, 10 ги има ДУИ. Сите 10 од ДУИ беа добитници. Имаа проблем само Сарај и Теарце, им дадовме дополнителен рок и тие да добијат. 10 други општини добиле. Струга, Кичево, Пласница, Кичево, Липково, Арачиново.“
Дополнително вицепремиерот истакна дека од 80 општини, 76 завршиле со постапката и на 4 им е оставен простор дополнитено да достават документација.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа