Мицкоски потврди: Од овој месец повисоки плати во образованието
Премиерот Христијан Мицкоски попладнево одговори потврдно на прашањето дали ќе има повисоки плати во образованието.
– Да, од овој месец треба платата во основното и во средното образование да биде повисока за пет проценти. Мислам сега на таа во ноември за октомври што е исплатена, појасни премиерот, по посетата на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ.
Тој додаде дека во април 2025 година, практично со мартовската плата, ќе има зголемување за дополнителни седум проценти. Во април 2026 година, од 7 ипол до 10 проценти, како што посочи премиерот, во зависност од кондицијата на буџетот.
– Април за март 2027 година, повторно 7 ипол до 10 отсто и веќе април 2028 за март 2028 година – од 10 до 12 ипол проценти. Така што, минимум во овој дијапазон временски, платата ќе биде на просечна во образованието зголемена за 46 проценти, а максимум до 60 отсто, што мислиме дека навистина ќе дојдеме до едно пристојно ниво, истакна премиерот.
Тој смета дека не е доволно, но тоа било во рамките на можностите.
– Бидејќи во моментот, ако просечната плата во државата е повеќе од 41 илјада денари, во образованието е 9 илјади денари помалку, околу 32 илјади денари, додаде Мицкоски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа