Левица: Инспектор утврди незаконско градење во струшката чаршија
По барање за вонреден инспекциски надзор, поднесен од пратеничката на Левица, Јована Мојсоска, овластен градежен инспектор констатира дека објект во самиот центар на градот, во старата струшка чаршија, се гради незаконски и спротивно на Законот за градење. Инспекторот издаде Решение за стопирање на градбата и издаден е рок за усогласување од страна на инвеститорот, велат од Левица.
„Левица и претходно алармираше дека инвеститорот узурпира и земјиште во сопственост на државата, но од Државното правобранителство засега нема реакција - иако токму овој орган е надлежен да ги застапува и брани интересите на државата.
Левица апелира ОВР - Струга веднаш да иницира постапка за кривично дело Бесправно градење и ОЈО Струга да поднесе обвинителен акт. Ја известуваме јавноста дека Левица ќе продолжи да го следи овој случај, со цел истиот да не се заташка и повторно да никне уште една дивоградба во срцето на старата Струшка чаршија“, стои во соопштението на Левица.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа