ВИДЕО: Шпанија повторно се соочува со катастрофални поплави

 


Шпанија повторно се соочува со катастрофални поплави. Овој пат, на удар се најде провинцијата Жирона, каде што поројните дождови предизвикаа хаос.

Во градот Кадакес, жителите се разбудија со улици претворени во реки. Повеќе од 30 автомобили беа однесени од силните водни струи, а материјалната штета е огромна. Видео снимки на социјалните мрежи ја документираат моќта на стихијата која носи се пред себе.

Овие нови поплави доаѓаат само неколку дена откако Шпанија се опоравуваше од смртоносните поплави во Валенсија, кои однесоа повеќе од 200 животи. За среќа, досега нема извештаи за жртви во Жирона, но штетата е значителна.

08.11.2024 - 11:00

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега