Пченкарно брашно од Србија повлечено од пазарите во Швајцарија поради висока концентрација на афлатоксин

 


Швајцарија повлекува пченкарно брашно од Србија. Овој пат станува збор за жолто брашно, а причината е пронајдена поголема количина афлатоксин од дозволеното со закон, објави РАСФФ, европскиот систем за брзо алармирање и информирање за храната.

Според веб-страницата на РАСФФ, дозволената количина на афлатоксин во пченкарното брашно е 2 µg/kg – ppb (два микрограми на килограм). Во примерок од брашно земен на 10 јули годинава, присуството на микотоксинот афлатоксин Б1 е откриено во поголема количина од дозволеното: во жолтото пченкарно брашно – 11,4 μg/kg, што претставува дури 5,7 пати повеќе од дозволеното.


 

 Ризикот од користење на овој производ е оценет како „потенцијално сериозен“ и производот е повлечен од пазарот. Се поставува прашањето дали во Македонија се увезува овој тип брашно од Србија со оглед дека сме еден од најголемите увозници на српско брашно, и ако е направен увоз дали истото е исконтролирано од надлежните органи.

08.11.2024 - 15:38

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега