Хорор во Урошевац: Маж избоде четири лица на улица

 


Шокантен напад во Урошевац во кој четири лица, меѓу кои и едно 10-годишно девојче, беа избодени со нож. Напаѓачот, 59-годишниот Е.С., е уапсен.

Како што пренесуваат тамошните медиуми инцидентот се случил вчера околу 15:40 часот на улиците „Енвер Топалија“, „Халима Спахија“ и „Ејупа Статовца“. Жртвите, меѓу кои има и двајца малолетници, се префрлени во болница, а состојбата на 10-годишното девојче е критична, потврди директорот на Ургентната клиника, Насер Сила.

Мотиви за овој брутален напад засега се непознати, а полицијата интензивно работи на расветлување на случајот.

12.11.2024 - 10:50

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега