Мицкоски: Заканите на Ахмети загрижуваат но никој не му се плаши
Навикнати сме од Али Ахмети да биде фактор на нестабилност, вели премиерот Христијан Мицкоски.
Одговарајќи на новинарско прашање, за вчерашните обвинувања од лидерот на ДУИ дека ако се допре Законот за употреба на јазиците сите Албанци ќе бидат на нозе, Мицкоски вели дека воинствената реторика со повикување на немири не може да го предизвика тоа бидејќи, како што вели, „ и Албанците но и сите граѓани во Македонија се свесни за сето она што го направи лично тој, но и тие неколкумина изминативе повеќе од 20 години додека беа власт“.
-Претпоставувам пораката се однесува на истите тие уставни судии коишто тој во Речица и овие на „Бихаќка“ ги поставија во Уставниот суд бидејќи Законот за употреба на јазиците е во Уставниот суд бидејќи таму ако ги погледате ќе ги видите луѓето коишто излегоа од тефтерчето во Мала Речица и на „Бихаќка“ така што претпоставувам притисокот врз тие луѓе продолжува. Е сега се бара процес, се бара некоја преносна структура да се упати пораката, но не мислам дека тоа е нешто сериозно. Но, како и да е, тој продолжува да биде фактор за нестабилност и тоа мене ме загрижува, но и нашите меѓународни партнери ги загрижува што г. Ахмети и ДУИ на дневна основа стануваат се повеќе и повеќе фактор на нестабилност, рече Мицкоски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа