Македонија и Чешка ќе ја продлабочат соработката во одбраната
Денеска во Министерство за одбрана, министерот Владо Мисајловски се сретна со амбасадорот на Чешката Република, Н.Е. Јарослав Лудва.
На средбата министерот Мисајловски изрази благодарност до Чешката Република, за поддршката во развојот на капацитетите на Армијата и за силната поддршка на нашата земја во евроинтегративните процеси.
Мисајловски и Лудва разговараа за продлабочување на одбранбената соработка во различни области со цел зајакната безбедност и посилни капацитети на двете земји.
12.11.2024 - 15:39
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа