Лидија ја нема петти ден - потрагата продолжува

 


Петти ден се трага по исчезнатата Лидија Трајковска од скопско Јурумлери. Полицијата и семејството се во интензивна потрага по 43-годишната жена, која последен пат е видена на автобуска станица во нејзиното село во петокот утро.

Истрагата досега укажува дека Лидија можеби се упатила кон реката Вардар, бидејќи во близина на мостот во Долно Лисиче биле пронајдени нејзини лични предмети.

Полицијата ги пребарува сите можни локации, а во потрагата се користат и дронови.

12.11.2024 - 16:48

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега