Нови детали: Тетката на Вања го опиша моментот кога забележале сомнително возило
Со изведување на докази од страна на Обвинителството во Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжи судењето за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.
На денешното судење за двојното убиство на Вања и Панче, сведочеше Маја Спировска, прва братучетка на Зорица, мајката на Вања.
„Сите бевме во паника, сите ја баравме Вања. Имаше колешки од кај Зорица на работа, имаше и инспектори. Гледавме и некои снимки. Таму беше и Гоце. Така констатиравме дека е земена од пред врата, бидејќи на ниту една снимка не се гледаше дека таа излегла од зградата. Гоце во еден момент го откри Цитроенот, тој дојде во дневна и ми кажа. Тој рече дека имаме трага, ми го покажа возилото и ми рече дека го бараат возилото на Панче од Велес по Фејсбук. Ние тогаш мислевме и баравме дали тој можеби е некој педофил или слично, или некој со кој контактирала Вања. Мислам дека имаме некаква трага. Тој не знаеше дека директно е поврзана со Вања, тој мислеше дека тој лично човек дошол и дека ја земал Вања, рече Спировска.
„Имаше еден човек кој гледаше кон зградата, со мобилен телефон и потоа доаѓа кола со БМВ и го зема истиот човек. Но, нам тогаш не ни беше јасно ниту пак се сомневавме дека станува збор за организирано грабнување“, изјави тетката на Вања.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа