„Вратете го детето, ќе ви дадам пари“ - таткото на Вања нудел откуп

 


На судењето за бруталното убиство на Вања и Панче, денеска сведочеше Маја Спировска, братучетка на мајката на Вања која го опиша чудното однесување на таткото на девојчето по нејзиното исчезнување, вклучувајќи и неговиот обид да ја контактира Илон Маск но и пораката која по грешка ја пратил во групата со родители.

Немав многу контакт со таткото на Вања, тој излегуваше, влегуваше, беше вознемирен… Цело време ѝ велеше на Зорица дека ќе ја најде Вања. Не зборував директно со него на оваа тема, јас повеќе бев со Зорица. Едно време рече ‘на Илон Маск треба да пратам порака, за да ја најде по сателит, рече Спировска.

Спировска рече дека не ја видела пораката која Александар ја испратил во групата на училиште, но и кажаа дека пишувало: ‘Вратете го детето ќе ви дадам пари’.

„Потоа јас видов само дека пораките се избришани. Јас го познавам лицето кое ми ја покажа пораката“, изјави Спировска пред судот.

13.11.2024 - 11:16

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега