Основачот на партијата „Десна“: Палчо носеше пиштол покрај него, во фиока, на биро, на масиче

 


Сведокот Христијан Плотников, член и основач на партијата „Десна“, на денешното сведочење изјави дека го познава Палевски од 2017 година. -Тогаш кога го фарбаше Геровски, му дадов поддршка за тоа и оттогаш се знаеме, рече тој, додавајќи дека комуницирале со Палевски речиси секојдневно.

-Прво околу движењето Бојкотирам, после за Трета Република и на крајот за основање на партијата „Десна“, рече тој.

Сподели дека се познавал и со другите обвинети.

-Во периодот од септември 2023 ги гледав малку затоа што моите активности се доведоа на минимум, бидејќи запоставив фамилија, бев потрошен енергетски и му кажав и на Палчо и се назначија нови луѓе, рече тој.

Плотников зборуваше и за користењето на возилото, како и радиостаниците кои биле дел од опремата што ја имала партијата.

-Тие станици целиот период кога бевме беа во режија, стоеја на страна, на полњач, беа со прст прашина. Во моментот на селење не ги видов на новата локација во Веро Џамбо затоа што и многу други работи не видов од опремата, хаос беше селењето, рече тој.

Во просториите на штабот, како што дополни, немало пиштол, но Палчо поседувал пиштол.

-Палчо со себе носеше пиштол чисто од своја безбедност од моментот кога беше нападнат пред својот дом. Мислам дека е Валтер марка. Палчо го носеше покрај него, во фиока, на биро, на масиче, рече тој.

13.11.2024 - 13:59

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега