Пушки, куршуми, топовски удар: Падна криминалец од Битола - полицијата му влезе дома

 

Полициски службеници од СВР Битола вчера по претходно добиена наредба за претрес од Основниот суд од Битола извршиле претрес во домот на А.Ј.(35) каде нашле и одземени дозвола за оружје, 91 патрони за ловна пушка, 39 куршуми различен калибар, топовски удар, делови за оружје, како и различни предмети кои потекнуваат од извршени кривични  дела.

А.Ј. бил приведен во полициска станица Битола и по документирање на настанот против него ќе следува соодветна пријава.

13.11.2024 - 17:15

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега