ВМРО-ДПМНЕ: Владата со буџетот за 2025 одвојува над 25% повеќе средства од тоа што владата на СДС и ДУИ имаа предвидено за 2024 година

 


„Владата со буџетот за 2025 одвојува над 25% повеќе средства од тоа што владата на СДС и ДУИ имаа предвидено за 2024 година. Со буџетот за 2025 година кој е предложен од Владата до Собранието се одвојуваат 7.5 милијарди денари за здравството, во споредба со 5.9 за оваа година.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ го реализира ветеното и инвестира во здравството и подобрување на условите во здравството.

Со буџетот за 2025 година ќе има повеќе средства за набавка на медицинска опрема за потребите на јавните здравствени установи, изградба, реконструкција и доградба на објектите во јавните здравствени установи.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ вложува во реконструкции на следните ЈЗУ: Општа болница Кичево, Специјална болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ – Охрид и Клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ – Скопје.

Исто така предвидено е да продолжи изградбата на Клиничката болница во Штип, проект кој беше и предизборно ветување на ВМРО-ДПМНЕ.

Со буџетот за 2025 година се планираат и средства за градежни активности и реконструкции во Здравствен дом Скопје, Kлиниката за психијатрија и други установи.

ВМРО-ДПМНЕ ги реализира ветувањата и вложува во суштински реформи и промени во здравството каде пациентите и граѓаните се на прво место.

ВМРО-ДПМНЕ работи на трансформација на здравството во Македонија“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

19.11.2024 - 09:46

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега