(ВИДЕО) Кирков: ЈСП е како буре без дно

 

„Овде се работи за непрофесионално и неодговорно работење од страна на ЈСП’’, изјави Стефан Кирков, советник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Градот Скопје на вестите  на Сител телевизија.

Тој истакна дека доколку се работело во интерес на граѓаните, а не за свои лични интереси, градот Скопје денес ќе имало јавен превоз и немало да дојде до ова.

„Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ работи за граѓаните и благодарение на Владата, со нејзината брза реакција, Скопјани утре ќе имаат јавен превоз’’, потенцираше Кирков.

Советникот додаде дека не се сложува со излагањето на градоначалничката и дека ЈСП е како буре без дно и ги повикува надлежните да го проверат работењето на раководствата на ЈСП.

21.11.2024 - 20:09

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега