Кешишев повторно смени исказ: Палчо ми ја напиша изјавата, ја истакнав бидејќи се плашев
Еден од обвинетите за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Влатко Кешишев, на денешното судење побара збор и истакна дека писмото кое претходно го предал на судијата, дека Љупчо Палевски Палчо, не бил присутен при убиствата не е негово, односно напишаното не е вистина.
Тој појасни како било напишано писмото.
-При транспорт мој и на Палевски тој ми кажуваше што да нашишам, за да биде со мој ракопис. И јас напишав бидејќи се плашев, истакна Кешишев на денешното судење.
Претходно, обвинителстите во случајот рекоа дека првичната променета изјава на Кешишев нема да влијае на целиот случај.
-Изјавата на обвинетиот Кешишов нема доказна вредност од причина што, согласно Законот за кривична постапка, тој и сите други обвинети на крајот од судската постапка ќе имаат право да дадат своја обрана, во смисла, свој исказ, своја изјава којашто, пак, ќе биде подложена на прашања од двете страни. Мислам на Обвинителството и на одбраната и во којашто би требало да се разјаснат сите околности, дотолку повеќе што секој исказ на обвинет се цени заеднос со сите останати и материјални и вербални докази, вели обвинителката Ана Стојковиќ Димитровска.
Од Обвинителството тврдат дека од засега изнесените вербални докази, но и материјалните кои ќе бидат објавени во натамошната постапка, се потврдува целиот предмет. Односно, дека лицата кои седат на обвинителна клупа се лицата кои ги сториле двете убиства.
-За предметниот настан Основното јавно обвинителство Скопје има доволно цврсти докази со коишто ќе го докаже товарот којшто на обвинетите им се става на терет дека го сториле во критичните моменти. Во досегашниот тек на постапката испитани се голем број сведоци. Динамиката е добра, нема одолговлекување, нема непотребни одлагања. Сите сведоци обвинителството ги обезбедува и постапката има добар тек. По изведувањето на вербалните докази, следи изведувањето на материјалните докази со коишто во целост ќе се доразјаснат одредени околности коишто во јавноста оставаат прашалници, што и како се случило, вели обвинителката Жаклина Крстевска Јосифовска.
Денеска продолжи рочиштето за случајот. Повикани се тројца сведоци. Прво на распит беа повикани двајца полициски службеници.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа