ЈСП денеска ќе добие шест нови еколошки автобуси, донација од ЕУ

 


Во Дирекцијата на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ во Автокоманда денеска ќе бидат примопредадени шест нови еколошки автобуси на компримиран природен гас. Автобусите се донација  за возниот парк на ЈСП од Европската Униуја преку проектот „ЕУ за чист воздух“.

-Овие автобуси претставуваат значаен чекор на патот на Град Скопје кон намалување на емисиите, подобрување на квалитетот на воздухот и промовирање на одржлива урбана мобилност, соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање. 

На настанот е најавено присуство на амбасадорот на Европската Унија во Северна Македонија, Михалис Рокас, првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, претставничка на УНОПС во Северна Македонија, Микела Телатин, и градоначалничката на Скопје,  Данела Арсовска. 

26.11.2024 - 08:59

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега