УНРВА: Околу 15.000 трудници во Газа се на работ на гладување

 

Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа на палестинските бегалци на Блискиот Исток (УНРВА) предупреди дека 15.000 бремени жени се на работ на глад во Појасот Газа, кој е под интензивни израелски напади повеќе од една година, јавува агенцијата „Анадолија“.

Се наведува дека во Газа има околу 50.000 бремени жени и дека само следниот месец се очекуваат 4.000 раѓања.

„Околу 15.000 од нив веројатно ќе бидат на работ на глад“, предупреди УНРВА.

Во соопштението се нагласува дека обилните дождови и ограничената помош ја влошиле состојбата на раселените луѓе во Газа.

Исто така, беше наведено дека 2024 година беше „најсмртоносната година за хуманитарните работници, со 281 смртен случај ширум светот, повеќето од нив вработени во УНРВА во Газа.

28.11.2024 - 17:19

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега