Кривична за 15-годишник - со нож украл 3.000 денари од дете
15-годишно момче од Скопје со закана од нож му зело 3.000 денари на свој врсник, соопшти МВР.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против 15-годишен малолетник од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“. На 13.09.2024 во Старата скопска чаршија, со закана со нож, пријавениот извршил разбојништво над друг малолетник , одземајќи му 3.000 денари.
28.11.2024 - 17:39
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа