Сега е во рацете на полицијата: Познат фудбалер пијан возел Ламборгини
Денес во раните утрински часови полицијата во Минхен во алкохолизирана состојба го запрела фудбалерот на Барн, Алфонсо Дејвис.
Левиот бек на германскиот гигант бил запрен со Ламборгини Урус вредно 216.000 евра, а по направениот алкотест било утврдено дека возел со 0.6 промили алкохол во крвта.
Полицијата го запрела Канаѓанецот во околу два часот наутро и по направениот алкотест не му било дозволено да продолжи да управува со возилото, па негов пријател го возел до дома.
Дејвис поради овој прекршок го чека само прекршочна казна бидејќи во Германија според законите криминален прекршок е ако лицето вози со над 0.8 промили алкохол. Казната која ќе мора да ја плати изнесува 500 евра.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа