Царината ќе ги додели првите одобренија за овластен економски оператор

 

Претставници од меѓународното сертификациско тело TUV NORD од Бугарија денеска на Царинската управа ќе и доделат ИСО 9001:2008 сертификат за систем за управување со квалитет.

Пред настанот директорот на Царинската управа, Ванчо Каргов, ќе додели сертификат за Овластен економски оператор. Добивањето на одобрението за компанијата ќе значи дека ќе има повластици во однос на царинењето, контролата, добивањето на какви било други одобренија од страна на царината.

Компаниите кои ќе добијат одобрение за овластен економски оператор треба да имаат развиени интерни контролни системи.

26.12.2013 - 09:26
Фото: 
Канал5

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега