Битола блесна: Време е за „Зимска приказна“

 

Синоќа, Битола го означи почетокот на празничната сезона со свечено палење на новогодишните светилки, претворајќи го градот во вистинска зимска бајка. Од Широк Сокак и плоштадот Магнолија, до Офицерскиот дом, парковите кај Саат кулата и Старата чаршија – секој агол зрачи со празнична магија.

Оваа година, фестивалот „Зимска приказна“ започнува на 20 декември и ќе трае до 6 јануари, подолго од кога било досега. Преку внимателно креирана програма и празнично уредување на градот, „Зимска приказна“ прерасна во вистински туристички продукт кој ги привлекува не само битолчани и жителите на соседните општини, туку и бројни гости од соседна Грција и Албанија

11.12.2024 - 23:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега