Претрес во продавница во Свети Николе - запленета голема количина пиротехника

 


Вчера во 13.30 часот, полициски службеници од ОВР Свети Николе извршиле преглед во продажен објект во с.Амзабегово, светиниколско, сопственост на А.Б.(52) од с.Амзабегово.

При прегледот биле пронајдени и одземени околу 1500 пиротехнички средства.

За настанот бил известен надлежен јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена пријава по член 396 од Кривичниот законик - „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

12.12.2024 - 10:53

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега