Извозот на компаниите од зоните годинава 760 милиони евра
Компаниите-инвеститори кои работат во технолошко-индустриските развојни зони (ТИРЗ) „Штип“, „Скопје 1“ и „Скопје 2“, до крајот на годинава се очекува да реализираат извоз преку 760 милиони евра. Директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони Виктор Мизо, денеска информираше дека бројот на вработени годинава во зоните достигна 2.500 за разлика од лани кога беше 1.270. Проекцијата за 2014, само од постоечките капацитети, е 3.500 вработувања.
- Наредната година извозот ќе се зголеми за 50 отсто и ќе достигне до 1,2 милијарди евра. Потенцијално, учеството на извозот од индустриските зони во вкупниот македонски извоз може да биде една третина, нагласи Мизо на средба со новинарите.
Мизо посебно го истакна отворањето на вторите производствени капацитети на „Џонсон Контролс“, „Џонсон Мети“ и „Технохозе“, како и почетокот со работа на „Ван Хул“. Изградба на втор производствен капацитет, посочи Мизо, најави и „Продис“ за април 2014 година.
- Вредноста на она што се добива од рекламирањето е поголема од трошокот за организирањеето сите промотивни активности, потенцира директорот на ТИРЗ околу претставувањето на Македонија во врвните светски магазини.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа